Русија употреби вакуумска ( „мајка на сите бомби“ (Mother of All Bombs – MOAB) бомба при инвазијата на Украина во понеделникот, изјави украинската амбасадорка во САД Оксана Маркарова.
-„Денеска употребија вакуумска бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција“, рече Маркарова по брифингот пред членовите на американскиот Конгрес. „Уништувањето што Русија се обидува да и го нанесе на Украина е големо“, додаде таа.
Термобаричното оружје не користи конвенционална муниција. Наместо тоа, тие се полни со експлозиви под висок притисок и цицаат кислород од околината за да создадат исклучително моќен бран експлозија и притисок.
Нивната употреба веќе е видена во руската република Чеченија, според Хјуман рајтс воч, пренесува Би-би-си.
Во саботата, Си-Ен-Ен објави дека видел термобаричен ракетен фрлач во близина на рускиот град Белгород.