More

    Зошто Путин ќе стори сѐ за да го врати Вадим Красиков?

    spot_img

    Кремљ денеска соопшти дека во тек се „контакти“ околу можна размена на американскиот новинар Еван Гершкович од САД за убиецот Вадим Красиков кој отслужува доживотна затворска казна во Германија за убиство на чеченски опозиционер.

    Новинарот на „Волстрит џурнал“ Еван Гершкович (32) е обвинет и затворен речиси 1 година во Русија поради шпионажа. Тој работел и за Франс прес во Москва меѓу 2020 и 2021 година, а уапсен е од ФСБ во март 2023 година додека известувал во Екатеринбург, Урал.

    Грешкович ги негира обвиненијата за шпионажа со кои се соочува, а може да се соочи со затворска казна до 20 години. Обвиненијата ги отфрлаат и САД, неговиот весник и неговите роднини. Русија никогаш не ги објавила доказите и целиот процес е класифициран како таен.

    Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави за новинарите дека има тајни „контакти“ за размена на затворениците.

    – Неколкупати нагласивме дека некои контакти се во тек, но тие треба да се водат со целосно молчење. Прекинот на молчењето само ќе создаде дополнителни проблеми и ќе спречи постигнување на каков било резултат во процесот – вели Песков.

    Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека е подготвен да го размени Гершкович за Вадим Красиков.

    Красиков е во затвор уште од 2019 година кога германскиот суд одлучи дека е виновен за убиството на Зелимхан „Торнике“ Кангошбили во Берлин во 2019 година, а според судијата Олаф Арнолди, убиството било нарачано од службите.

    Еден месец пред убиството, рече Арнолди, руските власти му издале на Красиков лажен пасош под псевдонимот „Вадим Соколов“ што го користел за да патува во Берлин каде што пукал во жртвата од зад грб со пиштол со вграден пригушувач во близина на берлинскиот парк „Клајнер Тиергартен“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img