More

    Зошто потфрлија руските служби во терористичкиот напад во Москва?

    spot_img

    Недовербата меѓу руската служба и другите странски служби е можеби еден од повеќето фактори кои придонеле руските служби да потфрлат во откривањето на терористичкиот напад кој се случи во салата „Крокус“ во Москва.

    „Њујорк Тајмс“ пишува дека американските разузнавачи не им ги пренеле на РуситеÈ сите информации што ги имале за групата ИСИС-К од страв да не ги откријат своите извори.

    „Непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон ги спречија американските функционери да пренесат повеќе од неопходни информации за планот (на терористите) поради страв дека руските власти би можеле да дознаат за нивните разузнавачки извори или методи“, се вели во написот.

    Руската агенција РИА Новости пишува дека директорот на руската Федерална безбедноста служба ФСБ, Александар Бортников, изјавил дека Вашингтон на почетокот на март пренел информации за подготовка на терористички напад во Русија, но дека информациите биле од општа природа.

    Тој истакна дека таквите податоци од САД не се секогаш конкретни.

    „Њујорк Тајмс“ анализира дека Русите биле предупредени и од американската ЦИА.
    „Ден пред американската амбасада во Москва да објави ретко јавно предупредување овој месец за можен екстремистички напад на руско концертно место, локална станицата на ЦИА достави приватно предупредување до руските официјални лица, кое вклучуваше барем еден дополнителен детал: дека заговорот за кој станува збор вклучува огранок на Исламската држава познат како ИСИС-К“, се вели во статијата.

    Но, освен недовербата меѓу руската служба и другите служби „Њујорк Тајмс“ како причина за фијаското ја наведува и фактот дека службите се партизирани и инструирани во служба на рускиот лидер Владимир Путин:

    „Тие (извештаи кои ги прегледа „Њујорк Тајмс“), исто така, го посочуваат начинот на кој г-дин Путин го киднапираше неговиот домашен безбедносен апарат за постојано проширување на политичкото задушување дома – како и неговиот фокус на крстоносните војни против Украина и Западот – како одвлекување на вниманието што веројатно не помогнаа“, се додава во текстот.

    Се вели и дека руската влада кружеле информации дека е веројатен напад во Русија од страна на тнички Таџикистанци радикализирани од ИСИС-К. Ова го потврдуваат од истражувачката организација „Центар досие“ од Лондон во извештаи кои ги прегледал „Њујорк Тајмс“.

    Нападот на концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск во близина на Москва се случи вечерта на 22 март. Неколку луѓе упаднаа во зградата и почнаа да пукаат во луѓето со митралези. Запалиле и пожари на повеќе места, поради што се урнал покривот, а гледалиштето целосно изгорело.

    Во средата навечер Министерството за вонредни состојби објави нов список на жртви, на кој има 143 имиња.
    Отворен е кривично дело под напис „Терористички напад“.

    Насилниците беа приведени во раните утрински часови на 23 март во областа Брјанск . Се покажа дека се државјани на Таџикистан . Возеа автомобил кон границата. Судот Басмани во Москва ги испрати во притвор до 22 мај. За случајот приведени се вкупно 11 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img