Златан Ибрахимовиќ, познатиот шведски напаѓач, никогаш не ја криел љубовта кон скапите автомобили. Во неговата гаража можете да најдете ексклузивни модели, често во ограничени изданија, а нивната цена е – главоболка!
Сака една марка на автомобили, Ферари, а неодамна се почасти со ново лимено милениче чија вредност надминува 2 милиони евра. Станува збор за Ferrari Daytona SP3, кој е произведен во само 599 примероци.
Максималната брзина што може да ја развие е дури 340 километри на час, а за да достигне 100 km/h потребни се само 2,85 секунди.
Покрај пет ферари, Ибра во својата гаража има и две Порше, едно Ауди, а исто така и Волво. Станува збор за модел C30, кој се издвојува од богатата колекција на автомобили, бидејќи неговата цена е само 28 илјади евра.
Тој уште во 2014 година сними реклама за шведски производител на автомобили, која крена голема прашина, бидејќи го смени текстот на националната химна.
Скапата колекција на автомобили на Златан Ибрахмовиќ:Ferrari Monza SP2 – 1,6 милиони евра
Porsche 911 Targa 4S Heritage – 189 илјади евра
Porsche 918 Spyder – 791 илјада евра
Audi RS6 Avant – 139 илјади евра
Ferrari Daytona SP3 – 2,3 милиони евра
Ferrari 812 Competizione – 578 илјади евра
Ferrari SF90 Spider – 473 илјади евра
Volvo C30 T5 – 28 илјади евра
Ferrari F430 Spider – 190 илјади евра