More

    Зидан ги запали гласините и откри: Наскоро ќе се вратам на тренерската работа

    spot_img

    Пред 17 месеци ја напушти клупата на Реал Мадрид и оттогаш секој месец се поврзува со некој клуб.

    Како Французин најчесто го поврзуваа со Пари Сен Жермен, бидејќи според мислењето на многумина тој е еден од ретките што можел да ги реши работите во соблекувалната.

    Зидан неколку пати изјави дека не сака да има долга тренерска кариера, но неговото последно појавување подгреа многу гласини.

    Шпанскиот весник „Ас“ објави дека за време на презентацијата на восочна фигура во негова чест во музеј во Париз, Зидан упатил кратка порака.

    „Кога повторно ќе ме видите на клупата? Наскоро. Не сум далеку од враќање на тренерската работа“, изјави Зизу.

    Зидан освои три титули во Лигата на шампионите во првите три години како главен тренер на Реал. Тој исто така освои една Лига на шампиони во 2014 година како помошник на Анчелоти, а како тренер на Реал Мадрид работеше од 2019 до 2021 година и потоа ја освои Примера.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img