More

    Жена го скршила левиот глужд откако се лизнала на парче месо при престој со сопругот во гостилницата „Итали“ во Бостон, САД

    spot_img

    Жена го скршила левиот глужд откако се лизнала на парче месо при престој со сопругот во гостилницата „Итали“ (Eataly) во Бостон, САД. Оштетената сега го тужи ресторанот.

    Незгодата се случила на 7 октомври минатата година, кога Алис Коен се упатила кон делот каде што на посетителите им се делат примероци од храната. Жената се лизнала на „пршута“ (Prosciutto). Нејзините медицински трошоци, престојот в болница и физикалната терапија, надминаа 7.500 долари, се вели во тужбата поднесена во петокот во Врховниот суд во Сафолк во Бостон.

    Таа „се здоби со телесни повреди, губиток во уживањето во животот, болка и страдање и ги направи неопходните медицински трошоци за медицинска нега и грижа“, се вели во тужбата.

    Алис Коен и нејзиниот сопруг Роналд, кои се од Гилфорд, Њу Хемпшир, бараат најмалку 50.000 долари отштета од угостителскиот објект.

    Во тужбата се тврди дека гостилницата „има должност да обезбеди од површината на подот да бидат тргнати сите непотребни опасности, должност на обична грижа за одржување на просториите во разумно безбедна состојба и должност да предупреди за опасни услови“ за движење низ објектот.

    „Итали“ е гурмански италијански синџир ресторани со осум локации во САД и уште осум објекти во странство, според интернет-страницата на компанијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img