More

    Земјите ширум светот ја прошируваат листата на санкции против Русија

    spot_img

    Списокот на санкции против Русија се проширува – владата на Нов Зеланд објави закон со кој ќе може да воведе санкции кон Русија, Јужна Кореја најави забрана за трансакции со руската централна банка, додека Вашингтон размислува за закон за забрана на увоз на руска нафта кон Соединетите Американски Држави.Кога законот ќе биде усвоен, тоа ќе биде првпат Нов Зеланд сам да воведе санкции против една земја. Премиерката Џасинда Ардерн рече дека ќе овозможи замрзнување на руските средства во Нов Зеланд, ќе спречи поединци и компании да ги префрлаат своите пари и имот овде за да се избегнат санкциите наметнати од други земји и да се запре влезот на супер јахти, бродови и авиони.

    Владата објави и список од 100 лица на кои им е забрането да патуваат во Нов Зеланд.

    Нов Зеланд порано можеше да воведе санкции само кога тие беа наметнати од Советот за безбедност на Обединетите нации. Но, Советот за безбедност нема да може да го стори тоа бидејќи Русија може да стави вето.

    Ардерн рече дека владата била принудена да го примени новиот закон поради ограничувањата во сегашниот мултилатерален систем кој дозволува вето на пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН. „На крајот на краиштата, ако имавме пофункционален Совет за безбедност на ОН, немаше ниту да се соочиме со овој проблем“, рече Ардерн.

    Руската инвазија на Украина предизвика речиси едногласна осуда ширум светот, принуди повеќе од 1,5 милиони Украинци да избегаат и воведе опсежни санкции кон Русија.

    Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, во неделата изјави дека законот за забрана на увоз на руска нафта ќе биде „разгледан“ и дека Конгресот има намера да усвои 10 милијарди долари помош за Украина оваа недела како одговор на руската инвазија.

    „Претставничкиот дом во моментов разгледува силни закони кои дополнително ќе ја изолираат Русија од глобалната економија“, рече Пелоси. „Нашиот закон ќе го забрани увозот на руска нафта и енергија во САД, ќе стави крај на нормалните трговски односи со Русија и Белорусија и ќе го направи првиот чекор за да и се оневозможи пристап на Русија до Светската трговска организација.

    Јужна Кореја во понеделникот ги забрани трансакциите со руската централна банка и се приклучи на глобалните напори да ја изолира Русија поради нејзината инвазија на Украина.

    Новите санкции кон Русија од Јужна Кореја следеа по одлуката на Сеул од 1 март да забрани трансакции со седум руски банки и нивните подружници, вклучително и Сбербанк. Корејското Министерство за финансии ќе ги објави деталите и опсегот на дополнителни санкции подоцна во понеделник, и тие ќе бидат „во согласност со американските финансиски санкции“, изјави претставник на Министерството за финансии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img