More

    Земјава ќе добие 100 милиони евра од ЕУ преку инструментот Макрофинансиска помош за спроведување на реформите и за економска стабилност

    spot_img

    Земјава ќе добие 100 милиони евра од ЕУ преку инструментот Макрофинансиска помош за спроведување на реформите и за економска стабилност, соопшти Владата.

    Европскиот парламент даде одобрение за оваа поддршка, а позитивно мислење дадоа и  членовите на Комитетот за меѓународна трговија, со што средствата од овој инструмент наскоро ќе бидат ставени на располагање.

    Како што информира прес службата на владата, останува да се потпише Меморандум за разбирање помеѓу земјава и Европската Унија, по што средствата од овој инструмент ќе бидат достапни во две транши.

    „Макрофинансиската помош е условена со доброто владеење и управување со јавните финансии, односно самиот инструмент е поврзан со имплементацијата на политики поврзани со управувањето со јавните финансии, даночниот систем, јавно-приватни партнерства, подобрување на деловната околина, фискалната транспарентност, транспарентноста во доделување на државна помош, енергетска ефикасност, реформи во правосудството, како и борбата против корупцијата. Предвид се зема и Инструментот за претпазливост и ликвидност кој Министерството за финансии минатата година го обезбеди преку ММФ, а кој Фондот го има само со земји со здрави економски фундаменти“, наведе владата во своето соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img