More

    Здруженијата бараат усвојување на измените на Кривичниот закон

    spot_img

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) по повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите бараат од политичките партии веднаш да ги усвојат амандманите на Кривичниот законик со што ќе се овозможи поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Во спротивно велат дека ќе го променат форматот на однесување и по Нова година тој ќе премине во бојкот.

    – На овој ден, 2 ноември Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, Здружението на новинарите на Македонија бара од политичките партии веднаш да ги усвојат амандманите на кривичниот законик со што ќе се овозможи поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Сега, повеќе од кога било е потребно нападот врз новинарите да се третира како напад врз службено лице, време е да се направи поголем исчекор во оваа насока. Речиси година и половина, чекаме пратениците во Собранието да се одважат и соберат за да ги изгласаат измените во кривичниот законик, наместо да се занимаваат со нивните бескрајни политички игри. Ако сме сигурни дека за ова постои општествен консензус во јавноста, несфатливо е пратениците и натаму да го одложуваат донесувањето на овие измени. Бараме тие веднаш да бидат ставени на дневен ред и изгласани, во спротивно ќе сфатиме дека слободата на новинарите снимателите и медиумските работници не е приоритет на ова Собрание – истакна Чадиковски.

    Претседателот на ССНМ, Павле Беловски, рече дека денес се навршуваат точно пет години од почетокот на иницијативата за измени на Кривичниот законик, со кој новинарите и медиумските работници би добиле поголема заштита односно нападите врз нив би се третирале по службена должност од страна на Обвинителството и државните институции.

    – Пет години од почетокот на иницијативата во кои се изнаслушавме декларативни заложби за слободата на медиумите. Исто така, денес се навршуваат 17 месеци откако Владата, односно Министерството за правда ги испрати овие измени до Собрание за нивно усвојување. Резултат нема. Нападите, без разлика во каква форма се уште ги броиме и пријавуваме, но без резултати на крајот. Неказнивоста продолжува. Затоа уште еднаш, по којзнае кој пат потсетуваме на изборните ветувања дека законските измени кои се однесуваат на нападите врз новинарите треба итно да бидат спроведени. Собраниските игри и интереси нас не не интересираат. Ги повикуваме пратениците итно да направат се што е дел од процедурата и да ги изгласаат измените на кривничниот законик кои барем на хартија ќе ги подобрат условите за прекина на неказнивоста на нападите врз новинарите – рече Беловски.

    Новинарските организации ја изразија својата загриженост заради застојот на донесување на законските измени во Собранието, со заедничка цел – позитивни промени во насока на подобрување на условите на работа на новинарите и медиумските работници, а потсетија на последниот извештај на Европската комисија каде се вели дека Северна Македонија постигна одредено ниво во областа на слободата на изразување, генерално, бележи ограничен напредок во однос на препораките на ЕУ. Исто така, потенцирана е потребата да продолжи процесот на саморегулација кој треба да доведе до унапредување на професионалните стандарди во новинарството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img