More

    Донесена Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука

    spot_img

    Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за метар просторен, односно до 6 429 денари за кубен метар.

    Владата донесе Одлука и за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со која беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 отсто.

    Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информација за преземање мерка за обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија во случај на постоење на кризна состојба и донесе Одлука за преземање мерка за обезбедување на дополнителни количини на топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

    Задолжено е Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ Дистрибуција на топлина дооел Скопје да склучи Договор за купопродажба на топлинската енергија со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, во рамки на потребните количини, а согласно потребите на Друштво за дистрибуција на топлинска енергија на месечно ниво.

    Владата донесе Одлука со којашто се продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба до 30.11.2022 година. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, според најавата од Министерството, по завршувањето на аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината ќе треба да направи исплата кон земјоделците по основ на оваа мерка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img