More

    ШЕСТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД УЛТРА-ТРЕИЛ“

    spot_img

    Според најавите, над 470 планински тркачи од 36 земји ќе настапат на шестото издание манифестацијата „Охрид Ултра-Треил“ која ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај 2024 година.

    Целите на овој спортско-рекреативен настан е да се понуди една уникатна планинска авантура на отворено за учесниците, која се одвива во недопрените предели на „Галичица“, а воедно да се промовира културното и природното богатство на Охридско-преспанскиот регион кој е заштитен под УНЕСКО.

    Оваа година предвидени се пет планински трки на 110, 65, 40, 22 и 10 километри.

    • „Ултра-Треил“ стартува на 24 мај  во 23 часот од Охрид;
    • „Галичица Ултра“ со старт на 25 мај во 7 часот од Св. Наум;
    • „Самотска Маратон“ со старт на 25 мај во 9 часот од Пештани;
    • „Летница Треил“ започнува на 25 мај во 11 часот од Велгошти
    • „Јуниор Треил“ која ќе се одржи за прв пат на 25 мај со старт во 10:30 часот од Велгошти.

    Сите трки минуваат низ патеки, врвови, гребени и долини во Националниот парк „Галичица“, а финишот е на градскиот плоштад во Охрид.

    Манифестацијата „Охрид Ултра-Треил“ ја организираат спортските здуженија „Трекс“ од Скопје и „Топ Адвенчрс“ од Охрид. Приказната на „Охрид Ултра-Треил“  започна во 2019 година како настан со две трки во планинско трчање од 60 и 30 километри, а за пет последователни изданија прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан кој се одвива под отворено небо.

    Повеќе информации за трката, рутите и саатниците може да се најдат на веб страната –  www.ohridultratrail.com

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img