More

    Заврши 38.издание на култниот „Макфест“

    spot_img

    Во убава атмосфера синоќа во Штип заврши 38.издание на музичкиот фестивал „Макфест“. Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровска, Александар Тарабунов, Ламбе Алабаковски, Полина, Љубојна, Таско, но и младите и талентирани Александра Трајчевска, групата Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тиијана Периќ синоќа ги испеаја новите хитови на 38. издание на ,,Макфест”.

    Александар Арсовски, организатор на ,,Макфест” од Општина Штип вели дека се задоволни од сработеното. Публиката и оваа година имаше можност да ужива во музика за сечиј вкус, како за помладите, така и за повозрасните генерации.

    Водители на Фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест” и годинава беа Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски, а за време на втората вечер како водители се појавија Светлана Црнокрак, Миро Кацаров и Вера Јанковиќ. Харизматичната Вера Јанковиќ ја поздрави публиката со макфестовски рефрен, а пак штипската публика и возврати со долги и силни аплаузи на уникатната водителка која пред десет години го водеше фестивалот.

    Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровска, Александар Тарабунов, Ламбе Алабаковски, Полина, Љубојна, Таско, но и младите и талентирани Александра Трајчевска, групата Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тиијана Периќ синоќа ги испееја новите хитови на 38. издание на ,,Макфест”.

    Александар Арсовски организатор на ,,Макфест” од Општина Штип вели дека се задоволни од сработеното, а на публиката се понуди музика за сечиј вкус, како за помладите, така и за повозрасните генерации.

    Водители на Фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест” и годинава беа Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски, а за време на втората вечер како водители се појавија Светлана Црнокрак, Миро Кацаров и Вера Јанковиќ, која публиката ја поздрави со макфестовски рефрен, а пак штипската публика и возврати со долги и силни аплаузи на единствената Јанковиќ, која пред десет години го водеше фестивалот.

    На 38. издание на „Макфест” во две фестивалски вечери се слушнаа 26 нови забавни песни.

    Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов синоќа на Пајак и Лара им додели парична награда од 120.000 денари, за најслушна песна во текот на годината.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img