More

    Засилување на НАТО во регионот по настаните во Бањска

    spot_img

    НАТО потврди дека одлучи да испрати 200 британски војници како засилување по последните настани во селото Бањска во кои загина еден припадник на косовската полиција и тројца Срби, пренесува Коссев.

    „Британските сили ќе бидат распоредени во мировната мисија на НАТО на Косово на барање на НАТО. Ова е последица на насилниот напад врз косовската полиција на северот на Косово на 24 септември и зголемувањето на тензиите во регионот“, соопшти Министерството за одбрана на Косово.

    Оттаму наведуваат дека претходно било испратено барањето на Врховниот командант на сојузничките сили за Европа (SACEUR), а потоа и одобрувањето на Северноатлантскиот совет.

    „Обединетото Кралство ќе распореди околу 200 војници од првиот баталјон Кралскиот полк на принцезата од Велс во наредните денови за да се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои веќе се во земјата како дел од годишната вежба“, велат тие.

    Министерството за одбрана на Велика Британија пред два дена потврди дека командата на армискиот баталјон ја префрлила на НАТО за да може да пружи поддршка на Косово доколку е потребно, објави тогаш Ројтерс.

    Потврдата дојде откако НАТО одобри испраќање дополнителни трупи, додека до Белград и Приштина беше испратена покана за итна деескалација.

    Истиот ден, од Вашингтон стигна покана до Србија да ги повлече војниците распоредени во областа.  Американски функционер изрази загриженост за големото распоредување на српска војска на границата. Ваква загриженост изрази и Европската унија.

    Српскиот претседател  Александар Вучиќ тогаш изјави дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.

    – Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денес имаме 7.500 и тоа ќе го намалиме на 4.000 – рече тој.

    Косовската влада викендов објави дека со особено внимание и внимателност ги следи последните случувања во врска со движењето на воените единици на вооружените сили на Србија, наведувајќи дека тие се одвиваат од три различни правци – Рашка, Ниш и Врање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img