More

    Започнува фестивалот „Балканима“ во Белград

    spot_img

    Со проектот „Македонски анимиран филм 1971-1991“ денеска се отвора 19 издание на „Балканима“ – Европски фестивал на анимираниот филм, кој ќе се одржи од 4 до 9 октомври во Белград. Проектот се состои од изложба на артефакти и филмска проекција на кратки анимирани филмови создадени во периодот од 1971 до 1991 година од пионерите на македонскиот анимиран филм: Петар Глигоровски, Дарко Марковиќ, Боро Пејчинов, Делчо Михајлов, Афродита Марковиќ, Мице Јанкуловски, Славољуб Игњатовиќ, Мирослав Грчев и Милутин Рогановиќ.

    „Македонски анимиран филм 1971-1991, Помеѓу златна доба и заборав“ се обидува да ја пополни празнината, да ја запознае денешната јавност со делата на авторите и да им даде признание на пионерите и великаните на македонскиот анимиран филм.

    Реализацијата на проектот е на Иван Ивановски, заедно со Друштвото на филмските работници на Македонија во соработка со Слободан Јаќоски, Кинотека на РСМ и Вардар филм.

    Иван Ивановски работи скулптури, цртежи, инсталации, фотографии, видео, филм и анимација. Дипломирал на отсекот вајарство на Ф.Л.У. – Скопје, а студирал и на Академскиот програм за режија на Ф.А.М.У. во Чешка. Има реализирано 20 индивидуални изложби (Скопје, Куманово, Гевгелија, Њујорк, Љубљана, Берлин и други) и повеке групни изложби.

    Слободан Јаќоски е филмски промотер и истражувач. Има реализирано 5 филмски кампањи: Исцелител (2017), Бикини Мун (2017), Година на мајмунот (2018), Ej! (2018) и Врба (2019). Јаќоски работеше и на промоцијата на наградуваната кампања за телевизиската серија На терапија (2017).

    Главна цел на Европскиот фестивал на анимираниот филм „Балканима“, кој постои уште од 2004 година е претставување на европски авторски и студентски кратки анимирани филмови, со аспект на промоција на српската и балканската анимирана сцена. Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а во работата на жирито учествуваат аниматори, филмаџии, теоретичари и визуелни уметници од Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img