More

    Захарова: Не се разговара со непријателски земји

    spot_img

    Русија испрати нова закана до Литванија преку портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, откако балтичката земја деновиве го забрани преминувањето на стоки што се под санкции од ЕУ кон руската енклава Калининград, што ја налути Москва.

    – Се надевам дека претставниците на Литванија имаат остатоци од некаков професионализам во проценката на ситуацијата. Тие мора да ги разберат последиците, а последиците, за жал, ќе дојдат – рече Захарова во емисијата „Соловиев во живо“, пренесоа руските медиуми.

    Захарова однесувањето на Вилнус го оцени за „агресивно и непријателско“. Според неа, Литванија отиде „дури и надвор од границите на однесувањето, што е спротивно на меѓународното право“.

    -Ми се чини дека треба да ја разберат главната работа: кога Русија вели дека нечие однесување е отворено непријателско, тогаш нема време за разговор, нема време да се најдат формули кои би можеле да ја решат ситуацијата или да ја тргнат настрана и да се преправаат дека не се проблеми – додаде Захарова.

    Таа нагласи дека „провокациите на Литванија ќе доведат до соодветна реакција од Москва“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img