More

    Задоволство во СДСМ што по 20 години е попишано населението

    spot_img

    Пописот на насението, домаќинставта и становите кој се одржа после 20 години во нашата држава, е голем успех за граѓаните и за државата воопшто, оцени пратеничката на СДСМ Снежана Калеска – Ванчева.

    – Ние од самиот почеток сме конзистентни дека пописот е неопходен и мора да се случи и можам да кажам дека сме навистина задоволни затоа што успешно спроведен попис после 20 години за прв пат, комбиниран попис, кој што се спорведе во ек на пандемија со сите заштитни протоколи и исклучително успешен. Кога 99 проценти ќе бидат попишани тоа е резултат со кој што не можат да се пофалат многу развиени европски држави – рече Калеска – Ванчева пренесувајќи го ставот на пратеничката група на СДСМ.

    Таа не сакаше да го коментира ставот на опозициската Левица, и нагласи дека пописот е спроведен согласно закон и сите правила на Евростат.

    – Клучно е што после 20 години оваа држава ќе добие релевантни податоци кои што се однесуваат на бројот на резиденти, бројот на нерезиденти, но најмногу и најважно е на бројот на резиденти и бројот на домаќинста, станови.. и сите тие податоци се исклучително важни заради општетствениот и економскиот развој на државата во следниот период – рече Калеска – Ванчева.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img