More

    Забрана за сите бродови што ќе носат црно злато над договорената цена

    spot_img

    Министрите за финансии на Г7, Групата седум влијателни земји денеска ја објавија својата намера да ги забранат поморските услуги што транспортираат руска нафта доколку нејзината цена не биде одобрена од „меѓународните партнери“, јави Ројтерс. Со други зборови, секоја нафта која ќе се продава над цената која ќе ја договорат ќе биде сопрена за испорака. Ова, според нив, би требало да се усогласи со шестиот пакет на мерки на ЕУ и да го ограничи профитот на Путин од „црното злато“.

    „Ние се обврзуваме дека итно ќе работиме на финализирање и спроведување на оваа мерка“, рекоа претставници од САД, Канада, Германија, Франција, Италија, Велика Британија и Јапонија во заедничката изјава што ја виде АФП, без да го прецизира нивото на ограничување, пренесува РТ.

    „Ние бараме да воспоставиме широка коалиција со цел да ја зголемиме ефективноста и да ги повикаме сите земји кои сè уште бараат да увезуваат руска нафта и нафтени деривати да се обврзат да го сторат тоа само по цени по или под ценовната граница“ , додаваат тие.

    фото: pixabay.com

    Целта е Путин да не може да ја финансира својата војна

    Целта на овој потег е да се намалат приходите на Москва додека се одржува протокот на нејзината сурова нафта на меѓународните пазари, за да се избегне пораст на цената.

    – Ќе го ограничиме капацитетот на (рускиот претседател Владимир) Путин да ја финансира својата војна од извозот на нафта со забрана на услуги, како што се осигурување и обезбедување финансии, на бродовите што превезуваат руска нафта над договорената ценовна граница – наводно рекол британскиот министер за финансии Надим Захави, според твитот на репортерот на Скај Њуз.

    Како ќе се пресметува горната цена на нафтата?

    Според соопштението, почетната граница на цената ќе се заснова на низа технички инпути, а нивото на цената ќе биде повторно разгледано доколку е потребно.

    – Наша цел е да ја усогласиме имплементацијата со временската рамка на поврзаните мерки во рамките на шестиот пакет санкции на ЕУ – истакнаа министрите.

    Москва се закани дека нема воопшто да испраќа нафта?

    Западните лидери се согласија во јуни да го истражат плафонот на цените за да ограничат колку рафинериите и трговците можат да платат за руската сурова нафта. Москва јасно стави до знаење дека нема да се придржува, туку ќе ја испорача својата сурова нафта во земји кои не се обврзани со ограничувањето.

    Рускиот вицепремиер Александар Новак во четвртокот предупреди дека државите кои го поддржуваат ограничувањето на цената нема да добијат руска сурова нафта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img