More

    За влакно избегнат судар на 5 авиони на пистата, за сѐ виновни се контролорите

    spot_img

    На меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк за влакно била избегната голема трагедија. Имено авион на „Swiss Air“ ќе се судрел со 4 други авиони поради грешка во комуникацијата бидејќи леталата во исто време биле на пистата.

    Имено, инцидентот се случил минатата недела, а набргу потоа Федералната управа за авијација покренала истрага за целиот случај.

    Според соопштението на „Swiss Air“, леталото веќе достигнало брзина малку над максималната брзина за полетување, кога пилотот решил ненадејно да закочи и го свртил леталото.

    Се огласи менаџментот на компанијата.

    Авиокомпанијата соопшти дека навремената акција обезбедила да се избегне потенцијална катастрофа.

    – Поради високото ниво на свесност за ситуацијата и брзата реакција на нашиот екипаж, брзо беше избегната потенцијално опасна ситуација – се наведува во соопштението на компанијата.

    По инцидентот, зборуваше Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на „ABC News“, кој објасни дека преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајцата контролори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img