More

    Со одличните игри Македонецот си обезбеди место меѓу најдобрите 11 во првенството

    spot_img

    Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски оваа сезона игра извонредно за Абердин, во која досега постигна 24 гола во сите конкуренции, а тоа му донесе место во тимот на годината во шкотскиот Премиершип составен од тамошната Асоцијација на професионални фудбалери (ПФА).

    Играчите што настапуваат во Шкотска го ставија 24-годишниот штипјанец во идеалниот напад на лигата заедно со Лоренс Шанкланд од Хартс и Тео Бер од Мадервел.

    – Верувам дека ако работите напорно работите кои ги сакате се остваруваат. Ми претставува чест што сум во Тимот на сезоната. Не можам да опишам колку многу ми значи ова. Благодарен сум на сите – порача македонскиот голгетер.

    Голман на годината е Џек Бутланд од Ренџерс, најдобрата одбрана ја сочинуваат Џејмс Таверние од Ренџерс, Камерон Картер-Викерс од Селтик, Лиам Скејлс од Селтик и Оувен Бек од Данди, а во идеалниот среден ред се Мет О’Рајли од Селтик, Џон Лундстрам од Ренџерс и Калум Мекгрегор од Селтик.

    Актуелната сезона е најуспешната во кариерата на Миовски и тој е трет стрелец во шкотското првенство со 14 постигнати гола. Кога во прашање се сите натпреварувања Миовски постигна 24 гола и подели четири асистенции на 48 натпревари во дресот на шкотскиот тим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img