More

    За кое МВР говори СДСМ, за она предводено од нивните „преторијански гарди“ или ова  со нивни криминални нарко полициски остатоци од СДСМ ?

    spot_img

    СДСМ нема никакво елементарно право да го коментира апсењето на новинарот Фурхан Салиу, а уште помалку има право и образ да обвинува за некаков си нов режим наводно предводен од новиот технички министер за полиција.

    Во време на владеењто на СДСМ, каде патем во редовите на полицијата запослија и створија своја „Преторијанска гарда“, случени се напади на новинари, а и еден обид за убиство на Новинар во Охрид, од страна на униформирани полициски службеници, кој случај водството на СДСМ со нивната продолжена рака, началникот на СВР Охрид Жарко Лазоровски, го сокрија во целост од македонската јавност.

    Уште повеќе од фактот, дека МВР, поточно нивниот, од нив поставен началник на СВР Охрид Лазоровски Жарко, на секој начин се обидуваа да го заташкаат настанот, зошто дел од извршителите се негови роднини, внуци, кои се примени во време на владеењето со полицијата од страна на СДСМ и истите тие полициски службеници се и нарко уживатели и нарко дилери.

    СДСМ нема право да обвинува, зошто и покрај тоа што нападнатиот новинар, кој спроведе своја приватна истрага, ги достави сите докази до МВР и ги посочи извршителите на монструозниот чин -Обид за убиство, додека и покрај подигнато обвинение од страна на ЈО за гонење на организиран криминал, началникот на СВР Охрид, министерот за полиција на Македонија Оливер Спасовски, биле должни истите веднаш да ги отстранат од работно место и да им биде одземено оружјето, тоа не го направиле, напротив истите ги унапредиле, што резултираше со нов не разјаснет напад од страна на МВР, врз поранешниот директор на ЈП Водовод, на ист начин како претходниот, во маскирни полициски униформи со метални и дрвени палки!

    За кое МВР говори СДСМ, за она предводено од нивните Преторијански гарди или ова  со нивни криминални нарко полициски остатоци од СДСМ, кој во работно време и на работно место пакуваат и конзумираат наркотици? Нели е срамно и лицемерно?

    С.Д.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img