More

    Веднаш по формирањето на новата влада да се потпише анексот на Колективниот договор, порачаа здравствените работници од протестот пред Министерството за здравство

    spot_img

    Веднаш по формирањето на новата влада да се потпише анексот на Колективниот договор, порачаа денеска здравствените работници од протестот пред Министерството за здравство.

    Тие побараа од политичкиот партии кои претендираат да дојдат на власт, да седнат со Синдикатот на заедничка маса и се она што го ветуваат во предизборните програми да го договорат на хартија, а потоа и да го реализираат.

    Ако не се исполни барањето за потпишување анекс од кое не отстапуваат, здравствените работници најавија помасовни протести.

    -За анексите што не беа потпишани, имаме разработено и коефициенти и математика. На тие анекси што ги дадовме до Влада, кои поминаа на Влада и се даде заклучок, сега бараме и 15% на тие анекси модифицирано поради минималната плата што се покачи во март. Исто така, проблемите со Колективниот договор мора да ги спомнеме, последните 3 министри, иако инсистиравме, изработката на новиот колективен договор за здравство е 90% завршена. Тоа го направи министерот Беким Сали, се формира Работна комисија и имаше мандат една година. Тоа е скоро готова работа и усогласено е и по образование и по професии и со Закон за работни односи и со Закон за здравствена заштита. Значи, еден апел до министерот – да се формира таа комисија што побрзо, да се доврши изработката на колективниот договор, да се стави на маса и да се потпише – рече претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски.

    Според него, Синдикатот се залага и за оние со договори на дело и за специјализантите со приватна специјализација уште од 2012 година.

    -За оние со договори на дело треба конечно да се изнајде начин, парите се обезбедени и треба да се вработат, бидејќи има луѓе со по 20 години договор на дело на клиниките, а не им тече ниту здравствено, ниту пензиско осигурување. Кај приватните специјализанти  проблемот е многу посложен. Иако постои голем егзодус во нашето здравство, приватната специјализација не постои никаде на друго место во светот. Предлагаме луѓето да се вработат во клиниките, државата да им ги исплати специјализациите и да останат во јавното здравство за да помагаат на народот. Инаку, вака, приватен специјализант ќе си заврши специјализација со пет години и еден ден нема да има во јавно здравство, па ќе си оди или во странство како што го прават тоа и завршените доктори – рече претседателот на Синдикатот на Клинички центар.

    Синдикатите го актуелизираа и  одливот на кадар.

    – Немојте да се доведеме во состојба да се увезуваат здравствени работници и кадар од трети земји бидејќи од контактите што ги имаме со синдикатите од Словенија, од Хрватска смртноста кај нив е зголемена доста. Така што, мислам дека е крајно време, ова е последен апел да имаат чувство, сенс за здравството. Прво и основно е покачување на платите зашто се што нудат друго – градење болници, опрема се е тоа во ред, меѓутоа кој ќе работи во тие болници и кој ќе биде со таа опрема – подвлече Серафимовски.

    Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски рече дека за новата влада мотивираноста на вработените во здравството треба да биде главен приоритет.

    -Веќе кажавме дека имаме напуштање на здравствени работници од јавниот сектор. Можеби и таа миграција која е поврзана со три приоритетни мотиви едниот ако е економски, вториот политички, а третиот професионалниот, економскиот мотив треба да значи за новата влада дека мотивираноста на вработените во здравството треба да им е главен приоритет. Заради тоа е и денешниот протест на здравството. Треба да сфатат дека мотивираноста на вработените во здравството е многу значајна и треба да им е приоритет во делот на нивната активност кога ќе се формира владата- рече Каранфиловски.

    Според Даница Стојкова, медицинска сестра на Клиниката за гинекологија, некогаш имало по четири сестри на еден доктор, а сега е обратно. Мора да се стави акцент и на образованието зашто во здравствени институции влегува несоодветен и неспособен медицински кадар.

    Додека траеше протестот, претставниците од синдикатите беа информирани дека ќе бидат примени на средба кај техничкиот министер за здравство.

    Протестот беше под мотото „Здравството на протест за плата“, а го поддржаа ССМ, Конфедерацијата и гранковите синдикати од двата сојуза и конфедерации. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img