More

    За Ахмети преговорите со Арбен таравари биле во почетна фаза…

    spot_img

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека преговорите кои се водат со Алијансата на Албанците (АА) за евентуален влез на партијата во Владата, сè уште се во фаза на почетни средби и нема ништо конкретно дефинирано во оваа насока.

    – Се очекува одржување на наредни средби во оваа насока – изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања по Свечената академија по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот на албанската азбука, што се одржа денеска во Скопје.

    На прашање како ќе влијае евентуален влез на АА во Владата на парламентарното мнозинство, Ахмети рече дека нормално доколку има позитивен епилог од целиот овој процес, тоа би придонело многу за остварување на една конструктивност и стабилност на парламентарното мнозинство.

    Во однос на можната распределба на министерски места при влез на Алијансата во Владата, Ахмети рече дека за овие теми уште не е разговарано, бидејќи разговорите сè уште се во почетна фаза.

    На прашење зошто не се закажува собраниска седница за уставните измени, Ахмети рече дека ова е премногу важно прашање за земјата и од голем интерес за сите.

    – Ние постојано повикуваме на единство помеѓу политичките партии. Нормално дека за овој важен процес треба да го направиме вистинскиот чекор за да продолжиме кон интеграцијата во ЕУ. Нормално дека за тоа е потребно време, но не се сомневам дека ќе го направиме вистинскиот чекор – истакна Ахмети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img