More

    За 2 Август оваа година во Крушево ќе биде претседателот на Собранието, Џафери, претседателот на државата Пендаровски ќе оди на Пелинце, а во Скопје ќе биде премиерот Ковачевски

    spot_img

    По повод државниот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден годинава, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченоста, која ќе започне со положување свежо цвеќе пред споменикот на Слободата – „Сила, слава и победа“ на Тврдината Кале во Скопје, соопшти денеска Владата.

    Премиерот Ковачевски ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, министерката за одбрана Славјанка Петровска.
    Споменикот „Сила, Слава и Победа“, познат и како Споменик на Слободата е скулптура посветена на победата над фашизмот. Се наоѓа над бездната на тврдината Кале во Скопје, на местото на влезот од Музејот кој се урнал од земјотресот во 1963 година. Скулптурата е висока 4 метри е дело на познатиот македонски вајар Јордан Грабулоски – Грабул. Била поставена во 1954 година.

    Оливер Спасовски, како премиер на техничката влада во 2020 година ја предводеше владината делегација на чествувањето на Илинден пред Споменикот на Слободата на Скопско Кале.

    Според вообичаениот систем на ротација, оваа година во Крушево ќе биде претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски ќе оди на Пелинце, а во Скопје ќе биде премиерот Димитар Ковачевски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img