More

    Панталоните на Путин ни малку не му допираа до неговите чевли на средбата со својот колега Лукашенко

    spot_img

    Панталоните на рускиот лидер Владимир Путин ни малку не му допираа до неговите чевли на средбата со својот колега Александар Лукашенко во Санкт Петербург. Твитерџиите и инстаграмџиите веднаш го приметија овој факт – ногавиците на Путин некако беа прекратки.

    Њузвик пренесува дека Путин не носеше ни вратоврска во салата на палатата Константиовска во Стрелна, каде се одржа средбата. А сето тоа беше емитувано на руската државна телевизија. На средбата Путин изјави дека украинската контраофанзива не успеала.

    „Решиле прилично глупавата снимка на Путин да ја исечат во кратки панталони на федералните канали и да ја покажат само од половината надолу“, напиша Иван Жданов, директор на Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК), групата основана од затворениот опозиционер Алексеј Навални.

    „По ѓаволите, кој му е на овој кројач? Го сошиле со лажен државен договор, сѐ е како и обично“, коментирал друг твитерџија.

    „За да се шие правилно, не смеете да лажете за големината, а тој (Путин) не знае да лаже“, напишал трет.

    „Момчето наеднаш порасна“, се измајтапил четврт.

    „Кројачот беше агент на ГУР“, напиша еден корисник, мислејќи на руската странска воена разузнавачка агенција.

    Друг се пошегува на сметка на воениот блогер и критичар на Путин, кој неодамна беше уапсен.

    „Се чини дека кројачот бил (Игор) Гиркин“.

    Друг корисник сподели слика од Адолф Хитлер во шорцеви.

    Панталоните на Путин и претходно беа под лупа. Во февруари, на социјалните мрежи беа споделени слики од рускиот претседател облечен во премногу долги панталони.

    Лукашенко и Путин се сретнаа за прв пат по бунтот на Вагнеровата група платеници минатиот месец. Поглаварите посетија манастир, каде што учествуваа на молитва. За време на посетата, Путин исто така тврдеше дека украинската контраофанзива насочена кон враќање на територијата окупирана од Русија „не успеа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img