More

    Вучиќ одговори на барањата на опозицијата за Косово

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е подготвен, доколку опозицијата бара неговиот легитимитет да се провери на референдум, да се излезе на референдум, јави дописникот на МИА од Белград.

    На новинарско прашање како го коментира тоа што дел од опозицијата бара повторно да им се обрати за Косово на седницата на српското Собрание, Вучиќ рече „некои бараат да ми се провери легитимноста, нека се договорат, подготвен сум на се“.

    – Сакаат референдум, без разлика дали имам поддршка или немам – да излеземе на референдум. Сакаат во Собранието? Нема проблем. Само немојте повторно да произведете насилство, а јас сум секогаш подготвен за се друго, само да најдеме термин кога сето ова е можно – изјави Вучиќ.

    Неколку опозициски партии побараа граѓаните да се изјаснат на референдум за европскиот договор за Косово. Опозицијата бара за Косово да се расправа и на посебна собраниска седница.

    На прашањето како ќе реагира на новиот извештај на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Србија, Вучиќ рече дека не го видел текстот, но дека е „разбирливо“ во тој документ да има „многу критички пораки“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img