More

    Отфрлени се кривичните пријави против актерот Алек Болдвин во врска со пукањето на снимањето на филмот „Раст“ во октомрви 2021

    spot_img

    Отфрлени се кривичните пријави против актерот Алек Болдвин во врска со пукањето на снимањето на филмот „Раст“ во октомрви 2021. Тој беше обвинет за убиство од небрежност откако случајно ја застрела кинематограферката Халина Хачинс од пиштол-реквизит во кој имало вистински куршум.

    Судењето за овој инцидент требаше да почне за помалку од две недели.

    Во јануари, Болдвин беше обвинет дека ја предизвикал смртта на Хачинс од невнимание и го повредил режисерот на „Раст“ Џоел Соуза. Актетерот можеше да се соочи со 18 месеци зад решетки, но тој се изјасни за невин. Снимањето за вестернот „Раст“ продолжи на 20 април.

    „Во изминатите неколку дена се појавија нови факти. Одлуката не го ослободува Болдвин од кривична вина и обвиненија можат повторно да се поднесат. Нашата истрага останува активна“, кажаа специјалните обвинители на Ново Мексико, Кари Морисеј и Џејсон Луис.

    Болдвин вешбал пукање од пиштол на сетот кај Санта Фе кога тој испукал, при што загина 42-годишната Хачинс, а режисерот Џоел Соуза беше повреден. Болдвин негираше дека го повлекол чкрапалото, но ФБИ заклучи дека пиштолот не можел да испука без да се повлече чкрапалото. Тој требаше да се појави во суд на 3 мај.

    Според „Лос Анџелес тајмс“, обвинителите неодамна дознале дека чкрапалото на пиштолот било изменето, со што било поверојатно дека можел случајно да испука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img