More

    Втора жртва во силното невреме во Италија

    spot_img

    Во извидничкиот камп Чегедол во близина на Бреша загина 16-годишна тинејџерка кога дрво паднало врз шатор во кој таа спиела во текот на невремето што ноќеска го зафати северниот дел на Италија, јавува италијанските новински агенции АНСА.

    Кампот бил евакуиран од пожарникари. Поради невремето евакуиран е и извидничкиот камп во Вал Дориз.

    Младата девојка е втора жртва во силното невреме во Италија. Во Монца загина 58-годишна жена врз која паднало откорнато трво, а три лица се потешко повредени.

    Милано и околината утринава околу четири часот ги зафати силно невреме со силен дожд, град и удари на ветер со брзина поголема од 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img