More

    Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи го осуди бранот сомнителни напади со отров, кои засегнаа девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“

    spot_img

    Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи го осуди бранот сомнителни напади со отров, кои засегнаа девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“.

    – Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе – рече денеска ајатолахот Али Хаменеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми.

    Ова беше прв пат Хаменеи, кој го има последниот збор во сите големи државни работи, да го коментира труењето што ги загрижува родителите низ целата земја.

    Првите случаи на мистериозни заболувања беа пријавени во ноември. Оттогаш, стотици ученички биле лекувани во болници низ целата земја.

    Речиси исклучиво биле погодени училишта за девојчиња. Родителите и роднините се лути особено затоа што сè уште нема официјално објаснување.

    Владата на Иран верува дека девојчињата се намерно отруени, можеби од групи кои се спротивставуваат на образованието на девојчињата. Лекарите сугерираат дека нападите се извршени со некој вид токсичен гас.

    Во меѓувреме, шефот на иранското правосудство, Голамхосеин Мохсени Еџеи, изјави дека Иран ќе продолжи да ги казнува жените кои ги кршат исламските кодекси на облекување, односно дека законот ќе остане во сила и покрај неколкумесечните протести што беа задушувани со крв.

    – Соблекувањето на хиџабот е еднакво на покажување непријателство кон Исламската Република и нејзините вредности. Луѓето кои ќе одлучат да направат таков ненормален чин ќе бидат казнети. Со помош на судството и извршната власт, властите ќе ги искористат сите расположливи средства за да се справат со луѓето кои соработуваат со непријателот и го прават овој грев што му штети на јавниот ред – рече Еџеи.

    Смртта на иранската Курдка Махса Амини на 16 септември во притвор поради „непрописното облекување“ предизвика протести низ целата земја, што подоцна се покажаа како најголемиот предизвик за иранските власти од 1979 година.

    Безбедносните сили во последните неколку недели во голема мера ги задушија протестите низ земјата.

    EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img