More

    Времето денеска ќе биде сончево и многу топло,земјата е зафатена со портокалов топлотен бран владата донесе препораки

    spot_img

    Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе го достигнат 42 степенi во најјужните делови од земјата, прогнозира УХМР. УВ индексот на зрачење ќе биде 10.

    Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе го достигне 40. степен.

    Поради тоа што од денешниот ден земјата е зафатена со портокалов топлотен бран владата ги донесе следните препораки:

    – Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;

    – Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот;

    – Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

    Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

    Согласно добиените информации, Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;

    – Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот;

    – Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;

    – Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7 до 17 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

    Владата одлучи овие мерки да важат четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img