More

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за утринска магла

    spot_img

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина поголема и од 60 км/час. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд.

    Во Скопје ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

    Утринските температури ќе се движат од 0 до 4 Целзиусови степени, а максимални дневни од 8 до 14.

    Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 4°C до 8°C, а максималните дневни од 7°C до 12°C.

    Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, не очекува и в недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

    Минималнте температури ќе се движат од 1°C до 6°C, а максималните од 4°C до 11°C.

    Од понеделник почнува период на постудено време со утрински температури под нулата, почнувајќи од минус 5.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img