More

    Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег,возите внимателно!!!

    spot_img

    Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

    Температурата ќе достигне до 5 степени.

    Во Скопје облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 5 степени.

    Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено, со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Потоа и во наредните денови ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.

    Слаби врнежи од снег, кои не претставуваат проблем за сообраќајот, има во Тетово, Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево, информира АМСМ.Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

    На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img