More

    Вработените во УЈП го одложија генералниот штрајк закажан за денеска

    spot_img

    Вработените во УЈП го одложија генералниот штрајк закажан за денеска. Причина за одлуката, како што изјавија од синдикатот на УЈП, е одложувањето на процесот на помирување откако назначениот медијатор Лазар Јовевски побара да се изземе, бидејќи е во странство и не може да ги испочитува законските рокови.

    Синдикатот на УЈП најави дека денеска ќе предложат нов медијатор со што течат новите рокови од три дена за свикување на првиот состанок со медијаторот.

    -Помирувачот се иззема. Бил во странство, а рокот за да постапи му е три дена. Во тој период не можел да се врати. Утре ние треба да предложиме некого, да пуштиме писмо до Министерството за труд и социјална политика – изјави вчера претседателот на синдикатот на УЈП Васе Недановски за МИА.

    Вработените во УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува колективниот договор и да им се зголемат платите за 30 отсто исто како што тоа беше направено со вработените во Министерството за финансии, на што од Министерството дека е потребно автентично толкување на законот од страна на Собранието и донесување на системско решение за платите во јавниот сектор.

    Недановски, пак, тврди дека не е потребно автентично толкување на законот со кој им се зголемија платите на вработените во Министерството за финансии бидејќи Колективниот договор кој е во сила ги содржи потребните причини за зголемување на платите на вработените во УЈП.

    Вработените во УЈП и денеска ќе протестираат од 10 до 12 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img