More

    Вообичаени грешки поради кои млечните производи побрзо се расипуваат

    spot_img

    Луѓето најчесто неправилно складираат млеко и млечни производи, па тие побрзо се расипуваат.

    Ако ги прашате луѓето каде им се чува млекото во фрижидер, веројатно ќе го добиете истиот одговор – на врата. Но, според експертот за безбедност на храна Теса Кларк, тоа е најлошото место во фрижидерот за чување млеко.

    „Рекот на траење на млекото може да се продолжи доколку правилно го чувате. Ова го намалува отпадот, но и гарантира дека нема да морате толку често да купувате свежо млеко“, рекол Кларк, пишува „Мирор“.

    Таа ги советува луѓето да не чуваат млеко или било кој друг млечен производ на вратата од фрижидерот, бидејќи тоа е најоддалечено од системот за ладење.

    „Млечните производи секогаш треба да се чуваат во задниот дел од фрижидерот каде што температурата е најниска. Ова осигурува дека вашата храна има максимален рок на траење“, додаде Кларк.

    Млекото може да го задржи својот квалитет и до пет дена подолго од датумот на истекување испечатен на пакувањето. Тоа зависи од количината на маснотии во него. Млекото со низок процент на маснотии може да го надмине рокот на траење за седум до 10 дена, додека помасното млеко може да трае од пет до седум дена.

    Расипаното млеко можете да го препознаете по грутки и кисел мирис. Суровото непастеризирано млеко не е безбедно да се користи по истекот на рокот под никакви околности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img