More

    Воените аналитичари предупредуваат за ширење на пропаганда

    spot_img

    Русија ќе ги користи нападите на Хамас во Израел за да шири пропаганда за поддршка на нејзината инвазија на Украина, тврди американскиот Институт за проучување на војната (ISW).

    „Кремљ веќе го обвини Западот за занемарување на блискоисточниот конфликт со концентрирање на напорите во Украина. Сега Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, тврди дека САД и нивните сојузници требало да работат на палестинските и израелските прашања наместо да се „мешаат“ со Русија“ – се наведува во анализата на ISW.

    Овие наративи од Кремљ, според ISW се насочени кон западната публика за да се предизвика негативен став за воената поддршка за Украина.

    „Тие се обидуваат да го деморализираат украинското општество тврдејќи дека Украина ќе ја изгуби меѓународната поддршка и имаат намера да ја убедат домашната руска публика дека меѓународното општество ќе ги игнорира воените напори на Украина“ – посочуваат од Институт за проучување на војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img