More

    Во Турција беа уапсени 171 лице за уривање згради за време на земјотресот

    spot_img

    Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека 171 лице се уапсени како дел од опсежната истрага започната за уривање на бројни згради по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на земјата со епицентар во Кахраманмарас на 6 февруари, јавува Анадолија.Боздаг за Си-Ен-Ен Турк изјави дека цела Турција е мобилизирана по земјотресот и дека највисоките функционери на земјата ги посетиле погодените региони.

    Тој посочи дека државното обвинителство води истрага за уривањето на зградите и дека се работи на откривање докази за сите одговорни лица.

    „Во рамки на истрагите за земјотресот, преземени се правни дејствија против 583 осомничени лица, по 171 лице издадени се потерници, а за 197 лица се издадени решенија за судска контрола“, рече Боздаг.

    Боздаг нагласи дека се работи на откривање на одговорноста на сите, од изведувачот до сопственикот на зградата, инспекторите, работниците и занаетчиите.

    „Засега гледаме дека од уапсените 171 лице, 78 се изведувачи, а 64 надзорници, 11 се сопственици на зградата, а 18 се лицата кои извршиле промени во зградата“, рече Боздаг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img