More

    Во текот на минатата ноќ, северозападните региони на Хрватска беа зафатени од облачност со обилни врнежи од дожд, а обилен снег падна во Госки Котар поради што делови од автопатот во тие региони беа покриени со снег

    spot_img

    Во текот на минатата ноќ, северозападните региони на Хрватска беа зафатени од облачност со обилни врнежи од дожд, а обилен снег падна во Госки Котар поради што делови од автопатот во тие региони беа покриени со снег. Сите патишта во Хрватска од утринава се проодни, пренесува хрватски Индекс.

    Во северниот дел на Јадранот врнеше силен дожд, придружен со ветришта.

    Коловозите се само влажни од дожд во поголем дел од земјата, додека, пак, на високите места врне снег. Можни се и одрони.

    Поради ветрот, забранет е сообраќај за автобуси и за мотоцикли на одредени места.

    Денеска во поголем дел од земјата ќе се вози по влажни и по лизгави коловози, а снег ќе врне во Горски Котар и во Лика.

    Поради силниот ветар, можни се ограничувања за одредени видови возила на патните правци под Велебит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img