More

    Во Шведска се уште нема договор за формирање на владејачка коалиција

    spot_img

    Во Шведска се уште нема договор за формирање на владејачка коалиција
    Лидерот на третата по големина партија во Шведска, „Умерени“, Улф Кристерсон изјави дека се уште не успеал да постигне договор за формирање коалиција и оти за ова добил продолжување на рокот за два дена.

    „Одиме кон формирање на влада. Има некои детали што сакаме да ги расчистиме“, рече Кристерсон по двонеделните преговори со другите десничарски партии.

    Засега нема информации кои партии ќе бидат дел од централно-десничарската владејачка коалиција.

    „Преговорите се одвиваат според планираното и се во завршна фаза. Побарав уште неколку дена за да ги завршам работите“, објави Кристерсон на својот Фејсбук профил.

    Тој денеска се сретна со претседателот на Парламентот со 349 пратенички места, Андреас Норлен, за да го информира за неговиот напредок. Норлен тогаш рече дека се согласил да го продолжи рокот за формирање влада до петок.

    На изборите во Шведска на 11 септември, четири партии од десниот центар освоија 176 пратенички места, додека коалицијата на левиот центар, во која беа и тогаш владејачките социјалдемократи, освои 173 места.

    Кристерсон помина две недели во преговори со популистичките шведски демократи, либерали и демохристијани.

    Либералите не сакаат да бидат во коалиција со десничарските Шведски демократи, партија основана во 1980-тите од екстремни десничарски екстремисти, која сега е втора по големина група во парламентот.

    Гласањето во Парламентот за новиот шведски премиер најверојатно ќе биде закажано за понеделник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img