More

    Против пертусис уште денеска може да се вакцинираат сите што сакаат да се имунизираат

    spot_img

    Сите возрасни лицата може да ги посетат вакциналните пунктови и да се вакцинираат против голема кашлица бидејќи во државата се пристигнати Ди-Те-Пер вакцините

    Ова денеска во изјава го кажа министерот за здравство Илир Демири.
    – Ди-Те-Пер вакцините за возрасни се веќе пристигнати во земјата и може веднаш да се аплицираат. Од денеска може слободно да отидат сите што сакаат и да ги примат. Нив ги има во вакциналните пунктови, а може да се аплицираат кај луѓе што имаат потреба за таков вид ревакцинација – изјави министерот Демири.

    Прашан кога ќе ја потпише одлуката на Комисијата за заразни болести за вакцинација на децата, тој рече дека таа е валидна и без негов потпис.

    – Сега ќе ја потпишам. Комисијата е составена од експерти што носат праведни одлуки, кои се во интерес на граѓаните и во интерес на спасување животи – потенцира Демири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img