More

    Во Кина се зголеми производството и продажбата на возила со погон на нови извори на енергија

    spot_img

    Производството и продажбата на возила напојувани од нови извори на енергија (NEV) во Кина драстично се зголемија во првите два месеци од оваа година и покрај зголемените цени на суровините и пандемијата на коронавирус, се вели во извештајот на индустријата на Кинеската академија за информатички и комуникациски технологии.

    Според извештајот, од јануари до февруари се произведени околу 820.000 НЕВ, што е за 1,6 пати повеќе отколку во истиот период лани.

    Во исто време, продажбата на NEV достигна околу 765.000, што е 1,5 пати повеќе отколку во истиот период минатата година, се вели во извештајот, објави кинеската медиумска групација (CMG).

    Се наведува и дека стапката на зголемување на пазарниот удел на НЕВ во истиот период изнесува 17,9 отсто.

    Според извештајот, возилата напојувани од нови извори на енергија произведени во Кина, исто така, станале попопуларни меѓу потрошувачите во странство, бидејќи извозот на тие возила се зголемил за 381,7 отсто на годишно ниво на околу 105.000, објави CMG.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img