More

    Во израелски воздушен напад во текот на ноќта бомбардирана е грчката православна црква Свети Порфириј во Газа, во која беа сместени раселените Палестинци

    spot_img

    Во израелски воздушен напад во текот на ноќта бомбардирана е грчката православна црква Свети Порфириј во Газа, во која беа сместени раселените Палестинци, објавија палестинските власти.

    Израелската војска соопшти дека цел била команда и контролен центар на Хамас во близина и дека при тоа била предизвикана штета на ѕидот на црквата.

     

    Генералниот директор на болницата Шифа, Мухамед Абу Селмија, изјави дека десетици луѓе се повредени во нападот, но дека не може да го наведе точниот број на загинати бидејќи телата сѐ уште се под урнатините, пренесува АП.

    Според неофицијалните податоци, во нападот се убиени над 40 лица.

     

    Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди нападот и додаде дека „нема да се откаже од својата верска и хуманитарна должност“ да пружи помош.

    Еден од преживеаните изјави за Ал Џезира дека израелската армија претходно не испратила предупредување.

    Црквата Свети Порфириј се наоѓа во областа Ел Зајтун во стариот дел на Газа. Во 7.век таа била претворена во џамија, пред да биде изградена нова црква во 12.век за време на крстоносните војни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img