More

    Во Франција протест на болничките психијатри

    spot_img

    Во Франција протестираат болничките психијатри кои се жалат на недостиг на персонал и кревети во болниците, како и на затворање на психолошките центри поради недостиг на луѓе.

    Лекарските синдикати објавија дека психијатрите се незадоволни од „падот“ на тој јавен сектор, кој е „жртва“ на негрижата на државата.

    Четири организации повикаа на штрајкови и митинзи во и околу Париз.

    Неколку десетици луѓе се собраа пред Министерството за здравство, каде делегацијата требаше да биде примена од Кабинетот на министерот Франсоа Брон.

    Синдикатите го осудија „запоставувањето на психијатријата во јавните институции“ во Франција, каде што „нема доволно болнички кревети и редовно се затвораат медицинско-психолошките центри“. Додаваат дека недостигаат лекари и медицински персонал.

    „Веќе немаме капацитет да се однесуваме како што сакаме“, рече претседателот на еден од синдикатите за јавна психијатрија, Норберт Скурник.

    Според него, поради недостигот на кревети, само во париската област од 60.000 до 70.000 луѓе, од кои повеќе од 60 отсто се ментално болни, не се згрижени во ниту една институција.

    Психијатарот рече дека поради се потешките услови за работа, младите лекари се помалку заинтересирани за специјализација по психијатрија.

    За да биде поатрактивна професијата, синдикатот на болнички психијатри бара зголемување на платите за 25 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img