More

    Захарова збесна поради изјавите на папата: Ова веќе не е русофобија, тоа е перверзија…

    spot_img

    Интервјуто на папата Франциско во кое тој сугерираше дека чеченските и бурјатските припадници на руските вооружени сили покажале поголема суровост во Украина отколку етничките Руси, предизвика бес во Русија. „Генерално, можеби најсуровите се оние кои се од Русија, но не се од руска традиција, како Чеченците, Бурјатите и така натаму“, изјави Папата за католичкото списание Америка.

    За време на инвазијата на Украина, руските вооружени сили во голема мера се потпираа на припадниците на етничките малцинства. Иако групите за човекови права и независните медиуми документираа бројни докази за воени злосторства извршени од руските сили, нема докази кои укажуваат на тоа дека војниците кои припаѓаат на етничките малцинства се однесувале полошо од етничките Руси, пишува Гардијан.

    Говорот на папата брзо беше осуден од високи руски претставници. „Ова повеќе не е русофобија, тоа е перверзија на невидено ниво“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот канал „Телеграм“.

    Изјавите на папата за Украина веќе беа предмет на критики
    „Ние сме едно семејство со Бурјати, Чеченци и други претставници на нашата мултинационална и мултиконфесионална земја“, додаде Захарова. Александра Гармажапова, основач на антивоената организација Слободна Бурјатија, ги нарече коментарите „непростливи и расистички“.

    „Бев крајно разочаран што ги прочитав овие расистички, непростливи изјави. Русија води империјална војна, започната и предводена од Владимир Путин, кој според сите проценки не е припадник на етничко малцинство. Папата треба лично да го осуди, но тој реши да го заобиколи рускиот претседател“, додаде Гармажапова.

    Таа потсети на фактот дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, е еден од најголемите застапници на руската инвазија на Украина. Гармажапова истакнува дека украинската истрага идентификувала група етнички руски војници како главни осомничени за убиствата на цивили во Буча минатата пролет.

    Ова не е прв пат папата да се соочи со критики за неговите ставови за Украина. Киев го критикуваше во неколку наврати од почетокот на руската инвазија дека не ги осудил адекватно потезите на Кремљ. Исто така, голема контроверзија предизвика и изјавата на Папата дека Западот „можеби некако ја испровоцирал“ руската инвазија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img