More

    Во Белорусија и на опозиционерите се гледа како на терористи

    spot_img

    Белорусија воведе смртна казна за обиди за терористички акти, објавија во средата руските агенции, потсетувајќи дека ова се обвинувањата со кои се соочуваат неколку опозициски активисти во таа поранешна советска земја.

    Белорусија е единствената земја во Европа која продолжува да извршува егзекуции и покрај повиците за мораториум.

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша закон за можност за извршување на смртна казна за обиди за терористички акти, објави агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на владиниот онлајн портал за правни информации. Законот ќе стапи во сила 10 дена по неговото објавување.

    Белорускиот суд во градот Гродно денеска започна затворено рочиште за случајот против 12 активисти обвинети за „подготовка на терористички акти“, соопшти белоруската група за човекови права „Вјасна“.

    Меѓу нив е и активистот Николај Аутхович, кој веќе одлежа повеќе од седум години затвор. 59-годишникот се соочува со голем број други обвиненија, меѓу кои и предавство.

    Активистите се обвинети дека ја запалиле куќата и автомобилот на еден полицаец во октомври 2020 година и запалиле автомобил на друг полицаец во ноември 2020 година, среде историските протести што избија во Белорусија поради контроверзниот реизбор на Лукашенко.

    Активистите веруваат дека Светлана Тихановска – која сега ја предводи белоруската опозиција од егзил во Литванија – беше вистинскиот победник на изборите во август 2020 година.

    Минатиот март белоруските обвинители ја обвинија Тихановска дека „подготвувала терористички акти како дел од организирана група“, според белоруската државна новинска агенција Белта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img