More

    ВМРО-ДПМНЕ-Вработувањето на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, покажува дека институциите се користат за вдомување на послушните

    spot_img

    Вработувањето на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, покажува дека институциите се користат за вдомување на послушните, реагира ВМРО-ДПМНЕ и бара Државната комисија за спречување корупција да го испита случајот

    „Откако Рамчиловиќ стана пратеник од СДСМ, тој ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а сега го вработи и синот како полицаец. И додека народ бега од државата зашто не може да најде работа, за послушниците на власта има и по две вработувања од фамилија во иста институција. Рамчиловиќ да не се вади на бошњачката припадност, зашто има стотици бошњаци кои не можат да дојдат до работа од таквите како него, кои ја злоупотребуваат политиката. Рамчиловиќ ќе треба да им објасни на сите граѓани, како тој успеал да вработи два члена на неговото семејство додека е пратеник од СДСМ во МВР“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

    Опозицијата се сомнева дека при вработувањето на сопругата и на синот во МВР политиката замешала прсти и смета дека е многу важно ДКСК да го испита случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img