More

    ВМРО-ДПМНЕ ги доставила своите контакти за набавка на поевтини енергенси до министерот за економија Крешник Бектеши

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ ги доставила своите контакти за набавка на поевтини енергенси до министерот за економија Крешник Бектеши, како што беше договорено на вчерашната средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, информираат партиски извори.

    Биле договорени и средби со посочените субјекти за да се утврди дали нивните понуди ги задоволуваат потребните критериуми, после кои Владата треба да ја изменаџира набавката на потребните количини гас и мазут. Со тоа, велат во партијата, обврските на ВМРО-ДПМНЕ се исполнети, како што било договорено.

    Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување на радио Лидер изјави дека Мицкоски дал план за заштеда од 300 милиони евра за надминување на енергетската криза, а сега се е во рацете на власта и Ковачевски како граѓаните ќе ја преживеат зимата.

    Меѓу предлозите кои ги претставило ВМРО-ДПМНЕ во Владата било да се обезбеди енергенс за работа на ТЦ Неготино по цени поевтини од берзанските, а струјата што ќе се произведе да се даде на стопанството, за да се зачуваат работни места. Тимот на ВМРО-ДПМНЕ предложил и да се обезбедат ресурси за производство на електрична енергија и топлина од ТЕ-ТО Скопје. Електричната енергија ќе ја користат граѓаните и индустријата на регулираниот пазар, а топлината оние корисници кои ги плаќаат своите сметки во БЕГ. Побарано е и сите јавни претпријатија кои што се занимаваат со комунална и водостопанска дејност, да се префрлат од слободниот на регулираниот пазар.

    Мицкоски по средбата рече дека добил впечаток оти предлозите што ги дале се прифатливи за луѓето со кои седелe на иста маса.

    – Поразот на сите влади е што сме дозволиле да имаме само еден влез на гас и дали ќе имаме гас или ќе немаме, да зависи од некое трето лице. Гаспром е тој што ќе одлучи дали ќе се крене рампата. Позицијата со која јас разговарав обезбедува гаранција дека тоа ќе се случи – изјави Мицкоски.

    Премиерот Ковачевски рече дека средбата поминала во добар дух. Ги образложиле сите активности што ги презема Владата за надминување на енергетската криза. Информирале за производството на енергетските капацитетети, за обезбедувањето енергенси – јаглен и мазут. Ја нагласиле потребата што побрзо да се донесат во Собранието сите закони поврзани со надминувањето на енергетската криза. Станува збор за Законот за задолжување од ЕБОР во износ од 100 милиони евра по поволна каматна стапка за поддршка на работата на ЕСМ, Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за кратење на финансиски средства од буџетот кои се со помал процент на исполнетост и и кои не се неопходни и префрлање во ставки за справување со енергетската криза.

    – Разговаравме и за префрлање на основните и средните училишта на регулираниот пазар, како и за префрлувањето на здравствените установи за снабдување кај ЕСМ продажба. Беше реафирмирано барањето на опозицијата за вклучување на јавните комунални претпријатија на регулираниот пазар, кое ќе биде разгледано од Министерството за економија во соработка со ЗЕЛС, изјави Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img