More

    ВМРО ДПМНЕ: Ахмети го уценувал Ковачевски за М-НАВ

    spot_img

    Лицемерието на Европскиот фронт и зелената агенда на оваа власт се гледаат најдобро во М-НАВ. Функционерите на СДС и ДУИ за дебели плати од по неколку илјади евра вработиле роднини, сестри, снаи, синови, чичковци, братучеди, внуци во македонската навигација. Ова е лицето на коалицијата на бандитизмот, реагира и денеска ВМРО-ДПМНЕ.

    „Димитар Ковачевски вели дека не бил портпарол на неговите министри, кои ја наполниле М-НАВ со непотистички вработувања, а вистината е дека Али Ахмети му сурфал да не бранува многу, затоа што во спротивно нема да го земе на заеднички листи или нема да му даде поддршка за заеднички кандидат за претседател. Пораката што му ја упатуваат од Мала Речица е да не зборува ништо ниту за вдомувањето на фамилиите на министрите од ДУИ, а уште помалку за тепањето во контролната кула од страна на екипата тесно врзана со ДУИ со што беше доведен во опасност воздушниот сообраќај над Македонија. Единствено што му дозволуваат на Ковачевски е да пушти низ вода некој од своите министри (читај Николовски) како курбан за коалицискиот мир“, се наведува во реакцијата.

    Според партијата, сега за да се одплеткаат од скандалот во кој се најдоа, ќе се обвинуваат, ќе дефокусираат, ќе се прпелкаат и што ли уште не.

    „Но веќе се му е јасно на народот, никогаш не било полошо, и овој бандитизам важно е да го поразиме!“, се вели во реакцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img