More

    Вишото јавно обвинителство од Скопје бара од Апелација да ја отфрли жалбата на колегите од Основното јавно обвинителство за „Тортура“!

    spot_img

    Вишото јавно обвинителство од Скопје бара од Апелација да ја отфрли жалбата на колегите од Основното јавно обвинителство и да ја потврди ослободителната пресуда за Мијалков и Алфите обвинети во предметот „Тортура“ за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, при апсењето на Љубе Бошкоски.Мијалков и Алфите добија ослободителни пресуди од првостепениот суд со образложение дека обвинителот Љубомир Лапе не докажал надвор од основано сомнение дека тие се виновни за делото. На пресудата жалба до Апелација поднесе обвинителот Лапе, по што било побарано мислење и под повисокото обвинителство.

    Од страна  Вишото јавно обвинителство било испратено официјално мислење до Апелација, кое директно оди против колегите од Основното обвинителство, односно се бара нивната жалба да се одбие како неоснована.

    „По приемот на предметот „Тортура“, Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно законските надлежности, по проучувањето на списите, го достави предметот до Апелациониот суд Скопје на надлежно постапување со предлог жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје да се одбие како неоснована.“.Апелација сега на маса ги има двете спротивни мислења од обвинителите. Обвинителот Лапе кој се жали на ослободителната пресуда и колегите од Вишо ЈО кој бараат таа да се потврди. Апелација има дискреционо право да одлучи кое мислење ќе го прифати.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img