More

    (ВИДЕО)„Кербер топлотен бран“ – туристите во Италија колабираат поради жештините

    spot_img

    Топлотниот бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, а се прогнозира дека во овие делови од светот во наредните денови ќе бидат забележани рекордни температури.

    Се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција, јавува Би-Би-Си.

    Во Италија температурите би можеле да достигнат и до 48,8 степени, а црвено предупредување е издадено за 10 градови, меѓу кои Фиренца и Рим.

    Маж на околу четириесет години почина од топлотен удар во северна Италија во вторникот.

    Италијанските медиуми објавија дека работникот сликал пешачки премин во градот Лоди, во близина на Милано, пред да се урне од жештината. Тој бил префрлен во болница, каде подоцна починал.

    Се соочуваме со неподнослив топлотен бран“, напиша италијанскиот политичар Никола Фратојани на Твитер.

    Неколку туристи во земјата веќе пропаднаа поради топлотен удар, меѓу кои и еден Британец пред Колосеумот во Рим.

    Се предвидува дека топлотниот бран Керберо, како што го нарече италијанското метеоролошко друштво по троглавото чудовиште на грчката митологија, опишано и во Дантеовиот пекол, ќе предизвика екстремни услови во следните неколку дена.

    Највисоки температури се очекуваат утре.

    Во Прага во сабота се очекува да биде околу 36 степени, што е значително повисоко од просекот од 24 степени за јули.

    Највисоката температура во Европа од 48,8 степени е забележана во близина на Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија во август 2021 година.

    Повеќе од 60.000 луѓе починаа во Европа како последица на горештините минатата година. Се стравува дека овој топлотен бран може да предизвика уште многу смртни случаи ова лето.

    Топлотен бран е период во кој температурите се повисоки од очекуваните за тој период од годината.

    Експертите наведуваат дека се почести периодите на екстремно топло време и дека поради климатските промени нормално ќе биде да се забележат рекордни температури.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img