More

    Видео честитка од министерот Спасовски по повод 11 Октомври – Денот на македонското востание

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од седиштето на Обединетите нации, од пред Палатата на нациите, во Женева, Швајцарска Конфедерација, во свое и од име на МВР, упатува честитки до граѓаните на Република Северна Македонија, а по повод 11 Октомври – Денот на македонското востание.

    „Од Женева, од пред Палатата на нациите, на најзначајниот датум во македонската историја, изразувам благодарност на нашите предци, на бројните жени и мажи кои се бореа за слобода и демократија во нашата држава и ни оставија во аманет, да ја градиме заеднички Република Северна Македонија, без разлика на национална или верска припадност”, истакна министерот Спасовски во своето обраќање.

    Министерот Спасовски истакна дека 11 Октомври е најсветлиот датум во македонската историја, кога продолжуваат слободарските традиции коишто започнаа со Разловечкото, Кресненското, Карпошовото и Илинденското востание.

    „Токму овој ден нè обврзува сите генерации од современа Северна Македонија да ја градиме со напредок и просперитет. Заедно борејќи се против фашизмот придонесовме за глобален мир и просперитет”, истакна министерот Спасовски

    „Денеска современиот патриотизам значи напредок и просперитет, одење сите заедно и сложно на патот кон европските интеграции за Република Северна Македонија. Нека е честит и вековит 11 Октимври – Денот на македонското востание! Да живее Република Северна Македонија!”, порача министерот Спасовски.

    Линк до видео:
    https://youtu.be/Ck4yBW61nxE

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img