More

    Ветото останува до крај на француското претседавање со ЕУ

    spot_img

    Шефот на дипломатијата Бујар Османи во објава на Фејсбук посочи дека е во редовна комуникација со министерската за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска во насока на надминување на разликите за време на француското претседателство со ЕУ, додавајќи дека постојат бројни иницијативи од меѓународните партнери со свои идеи да се вклучат во овие разговори, меѓу кои и Франција како актуелен претседавач со Советот на Европската Унија.

    „Со оглед дека во моментов сум на работни обврски во САД, каде во тек е Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, чувствувам обврска да одговорам на одредени прашања кои пристигнуваат во моментов до Министерството за надворешни работи, а се поврзани со разговорите кои ги водиме со Република Бугарија“, наведува Османи во објавата.

    Тој додава дека е во редовна комуникација со неговата бугарска колешка Генчовска, со цел, како што вели, „да обезбедиме засилување на разговорите во пристојното период, на сите нивоа меѓу двете министерства, во насока на надминување на разликите за време на француското претседателство“.

    „Постојат бројни иницијативи од нашите меѓународни партнери, со свои идеи да се вклучат во овие разговори, меѓу кои е секако и Франција како актуелен претседавач со Советот на Европската Унија. Сите инволвирани страни во процесот даваат максимални напори да се обезбеди предлог на маса кој ќе го крене ветото за нашите европски интеграции, кое воедно би било во согласност со позициите на кои Владата се обврза преку декларацијата во Собранието“, додава Османи во објавата.

    Генчовска пак, денеска за бугарските медиуми истакна дека до крајот на француското претседавање со ЕУ нема да се реши прашањето со С Македонија.

    Таа се пожали дека соработници на премиерот Кирил Петков ја саботираат работата на бугарското МНР и додаде дека „нема шанси“ да успеат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img